Расте бројот на лицата кои умираат од грип во Грција

Просечната возраст на лицата кои починаа изнесува 68 години. 49 беа мажи, 25 жени.

1150536
Расте бројот на лицата кои умираат од грип во Грција

Бројот на лицата кои од почетокот на годинава во Грција умреа од епидемија на грип односно вирусот Х1Н1 се зголеми на 74.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за контрола и превенција на болести на Грција (КЕЕЛПНО) беше истакнато дека во последните седум дена починале уште 18 пациенти кои се наоѓале на хоспитализација во интензивните одделенија. Вкупниот број на лицата кои од почетокот на годината умреа од грип се зголеми на 74.

Просечната возраст на лицата кои починаа изнесува 68 години. 49 беа мажи, 25 жени.

Од 274 пациенти колку што се обратиле до здравствениот центар, 264 биле задржани на хоспитализација во интензивните одделенија.

Претседателот на Центарот КЕЕЛПНО Теофилис Розенберг рече дека епидемијата на грип сеуште не го постигна зенитот, потенцирајќи дека во претстојните денови се очекува да дојде до зголемување на бројот на починатите.

Розенберг предупреди на потребата од вакцинирање и доколку не се принудени, луѓето да не излегуваат надвор од домовите.



Слични вести