Протести во Грција

Вработените во локалната управа во Грција одржаа протести против укинувањето на дополнителните плаќања

Протести во Грција

Вработените во локалната управа во Грција во знак на протест против укинувањето на дополнителните плаќања на комуналните работници за чистење извршија упад во зградата на Министерството за финансии.

На повик на Федерацијата на вработените во локалната самоуправа (ПОЕ-ЕТА), вчера вработените во локалната самоуправа одржаа 24 часовен штрајк, се собраа пред зградата на Министерството за финансии во Атина и одржаа протест против уредбите и регулативите со кои се предвидува укинување на дополнителните плаќања на работниците за чистење.

Дел од демонстрантите го поминаа полицискиот кордон кој се наоѓаше пред зградата на министерството и се искачија до четвртиот кат каде што се наоѓа просторијата на министерот за финансии Ефклидис Чакалотос.

Демонстрантите одржаа средба со заменик министерот Стергиос Пичиорлас, бидејќи министерот Чакалотос не беше на место и побараа да не се укинат дополнителните плаќања на работниците за чистење.

Заменик министерот Пичиорлас рече дека барањето ќе му го пренесе на министерот Чакалотос, а веднаш потоа демонстрантите ја напуштија просторијата.

Грција, покрај тоа што заврши спроведувањето на програмата за спасување и натаму е изложена на строга контрола од страна на ЕУ и ММФ.

Во тие рамки многу често се критикуваат и политиките за стегање на ременот на доверителите кои беа поставени како еден од предусловите за доделување на кредитите.



Слични вести