Средба на министрите за внатрешни работи на Турција и Македонија, Сојлу и Спасовски во Истанбул

Министрите за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу и Република Северна Македонија Оливер Спасовки остварија средба на Шестата министерска конференција на процесот од Будимпешта што се одржа во Истанбул

Средба на министрите за внатрешни работи на Турција и Македонија, Сојлу и Спасовски во Истанбул

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, кој е домаќин на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес која се одржува во Истанбул.

„На маргините од оваа дводневна министерска конференција, министерот Спасовски, оствари билатерална средба со домаќинот на собирот, министерот за внатрешни работи на Република Турција Сулејман Сојлу, на која двајцата министри ја потенцираа извонредната билатерална, партнерска соработка и меѓусебна поддршка не само на двете институции - министерствата за внатрешни работи, туку и меѓу двете земји во целина која што традиционално е на исклучително високо ниво", соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Северна Македонија.

Министерот Спасовски имаше свое обраќање во рамки на министерската конференција.

„Будимпештанскиот процес две и пол децении опстојува во формулирањето на меѓувладините дијалози, успевајќи да ги препознае и синтетизира различните миграциски политики на државите, надополнети со визијата и мисијата на десетина меѓународни организации кои што се блиски соработници во градењето заеднички миграциски стратегии", истакна Спасовски и додаде:

„Да споменам само дел од спектрумот активности што се спроведуваат во рамки на овој процес: олеснување на размена на информации и најдобри пракси во легалната и илегалната миграција, азилот, визите и визните политики, граничното управување, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, реадмисијата и уште многу други.“

Посочувајќи го значењето на Будимпештанскиот процес како миграциски дијалог инициран во рамки на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во кој членуваат 53 земји од светот како и десетина релевантни невладини и други организации од областа на миграциите, чиј што претседавач годинава е токму Република Северна Македонија, министерот Спасовски ја потенцираше исклучителната важност на двата документи кои за време на Конференцијата беа разгледани и усвоени Министерска декларација под наслов „Заложбите од Истанбул" како и „Повик за акција".

Будимпештанскиот процес е мост меѓу Западот и Истокот и обезбедува блиски средби, размена на искуства и соработка меѓу претставници од различни географски локации, но кои се соочуваат со заеднички предизвици.

На маргините од оваа дводневна министерска конференција, министерот Спасовски, оствари билатерална средби и со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто и со Михаил Шпинделегер, генералeн директор на Меѓународниот центар за разговор на миграциска политика (ИЦМПД). 

                                                                                                                                  (Anadolu Agency-AA)



Слични вести