Ципрас му ја предаде должноста министер за надворешни работи на Јоргос Катругалос

Грчкиот премиер Ципрас кој по оставката на Коѕијас почна да ја извршува и должноста министер за надворешни работи оваа функција му ја предаде на Јоргос Катругалос, заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања

Ципрас му ја предаде должноста министер за надворешни работи на Јоргос Катругалос

Во Грција, премиерот Алексис Ципрас својата должност министер за надворешни работи му ја предаде на Јоргос Катругалос, кој досега ја извршуваше должноста заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Чанакопулос соопшти дека пред локалните избори што ќе се одржат во март се направени измени во едно министерско место и во пет места на заменици-министри.

Според новите измени, премиерот Алексис Ципрас кој по неодамнешната оставка на Никос Коѕијас почна да ја извршува и должноста министер за надворешни работи оваа должност му ја предаде на Јоргос Катругалос, досегашниот заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања.

На испразнетото место од Катругалос, за заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања е назначена Сиа Анагнастопулу, заменик-министер за внатрешни работи одговорен за областите Македонија-Тракија стана Елефтерија Хаџигеоргију, заменик-министер за труд и социјална заштита  Константинос Баркас, заменик-министер за инфраструктура и транспорт Танос Мораитис, а за заменик-министер за грчката мигрантска политика е назначен Агелос Толкас.

Новоназначените министри и заменици-министри во кабинетот на владата на Ципрас во понеделник ќе положат заклетва и ќе почнат со извршување на своите функции.

Новиот грчки министер за надворешни Јоргос Катругалос е роден на 27 март 1963 година во Атина. Студирал право на универзитетите во Атина и Сорбона.

Во времето на владите на СИРИЗА, во перидот 2014-2015 година работел во Европскиот парламент (ЕП).

Катругалос претходно ги извршувал функциите заменик-министер за труд и социјална заштита, заменик-министер за реконструкција и заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања.



Слични вести