Привремено суспендирани тендерот за проектот „Турски тек“ во Бугарија

Врз основа на жалбата на компанијата „Атоменергоремонт“, се бараат дополнителни појаснувања во врска со изградбата на меѓусебната поврзаност на гасоводната линија меѓу Турција и Бугарија и Бугарија и Србија

Привремено суспендирани тендерот за проектот „Турски тек“ во Бугарија

Привремено суспендиран тендерот за кракот на проектот „Турски тек“ во Бугарија

Бугарија привремено ги суспендира тендерските активности во врска со проектот „Турски тек“ кој ќе поминува низ нивните територии.

Бугарскиот државен гасоводен дистрибутивен оператор Булгартрансгас во соопштението за печатот истакна дека во врска со тендерските активности за подготвување на нацртот, проектирањето, набавката на потребните материјали и опрема во рамките на остварувањето на изградбата на проектот чија вредност се проценува околу 1,5 милијарда долари, до Комисијата за заштита на конкуренција на Бугарија пристигна жалба во врска со активностите.

Врз основа на жалбата на компанијата „Атоменергоремонт“, се бараат дополнителни појаснувања во врска со изградбата на меѓусебната поврзаност на гасоводната линија меѓу Турција и Бугарија и Бугарија и Србија.

Се претпоставува дека врз основа на барањето на компанијата „Атоменергоремонт“ која нема никаква врска со проектот Турски тек, чиј сопственик е бугарскиот бизнисмен Христо Ковачки, а кој истовремено е сопственик и на неколку термички централи кои работат на ќумур, некои иницијативи ќе бидат поврзани за гасоводниот проект.

Активностите се очекува да завршат до 1 јануари 2020 година.



Слични вести