Сочувство од претседателот Ердоган до Салих Мурат, членот на Уставниот суд на Македонија

Претседателот Ердоган упати сочувство до членот на Уставниот суд на Макеоднија Салих Мурат, по повод смртта на неговата мајка

1137788
Сочувство од претседателот Ердоган до Салих Мурат, членот на Уставниот суд на Македонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати сочувство до членот на Уставниот суд на Република Македонија Салих Мурат по повод смртта на неговата мајка.

Според информациите добиени од амбасадата на Турција во Скопје, претседателот Ердоган телефонски разговарал со Салих Мурат и упатил сочувство до него по повод смртта на неговата мајка.

Претседателот Ердоган нагласил дека поради интензивната агенда не ќе може да учествува на погребната церемонија, но дека ќе испрати делегација.

Исто така, се вели дека амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, изразила жалост поради смртта на мајката на Мурат и упатила сочувство до него.

Се вели дека амбасадорката Кара ќе учествува на погребната церемонија на мајката на Мурат која што ќе се одржи денеска (3 февруари 2019 година) во 12:00 часот во општина Врапчиште.

 

                                                                                                                                   (Anadolu Agency-AA)

 

 



Слични вести