Македонскиот премиер Заев му честита на Ципрас: Заедно со нашите народи испишавме историска победа

„Честито мој пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа", напиша македонскиот премиер Зоран Заев на социјалната мрежа Твитер

1133600
Македонскиот премиер Заев му честита на Ципрас: Заедно со нашите народи испишавме историска победа

По ратификувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, премиерот на Македонија Зоран Заев упати честитка до неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

„Честито мој пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа", напиша премиерот Заев на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Пратениците во грчкиот парламент вчера гласаа за Преспанскиот договор кој предвидува менување на името на Македонија во „Република Северна Македонија“.

Во грчкиот Парламент има 300 пратеници, од нив 153 пратеници гласаа „за“, 146 гласаа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.

Овој Договор од грчкиот парламент помина со гласовите на сите 145 пратеници на владејачката „Сириза“ и со поддршка на осум пратеници од другите партии.

Со ратификување на договорот во грчката страна, и двете земји ги исполнија своите обврски, со што се отвора патот на Македонија со името „Република Северна Македонија“ официјално да стане 30-та членка на НАТО.

Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција.

 

                                                                                                                                  (Anadolu Agency-AA)



Слични вести