Грчкиот Парламент го ратификува Договорот од Преспа

На одржаното гласање во грчкиот Парламент составен од вкупно 300 пратеници, 153 пратеници гласаа „за“, 146 беа „против“, додека еден пратеник беше воздржан

1133353
Грчкиот Парламент го ратификува Договорот од Преспа

Грчкиот Парламент го ратификува Преспанскиот договор постигнат помеѓу владите на Македонија и Грција за решавање на приближно 28-годишниот спор со името.

Дискусиите во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор со кој се предвидува името на Македонија да се промени во „Република Северна Македонија“ продолжија и денеска по што се премина на гласање. 

На одржаното гласање во грчкиот Парламент составен од вкупно 300 пратеници, 153 пратеници гласаа „за“, 146 беа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.

Договор, од грчкиот Парламент помина со гласовите на сите 145 пратеници на владејачката партија „СИРИЗА“ на премиерот Алексис Ципрас и со поддршка на осум пратеници од другите партии.

Со ратификувањето на Договорот од Преспа и од страна на Грција, и двете земји ги исполнија своите обврски. 

На тој начин е отворен и патот на Македонија под името „Република Северна Македонија“ официјално да стане 30'та членка на НАТО.

 



Слични вести