Бугарија планира да го суспендира давањето државјанство во замена на инвестициите

Програмата не обезбедува значајна економска корист за оваа земја членка на ЕУ

1131406
Бугарија планира да го суспендира давањето државјанство во замена на инвестициите

Министерството за правда на Бугарија соопшти дека планира да го суспендира давањето државјанство во замена на инвестициите на богатите странски инвеститори.

Во соопштението беше истакнато дека програмата не обезбедува значајна економска корист за оваа земја членка на ЕУ.

Според податоците, не се постигнати очекуваните резултати од реалните странски инвестиции и економски развој. Конкретно, не се формирани нови работни места и не се постигна очекуваниот економски раст.



Слични вести