Антивладините протести во Србија продолжија и на крајот на оваа недела

На антивладините протести вчера (сабота) во главниот град на Србија, Белград, учествуваа десетици илјади демонстранти кои ја бараа оставката на претседателот Александар Вучиќ

1129320
Антивладините протести во Србија продолжија и на крајот на оваа недела

Антивладините протести во главниот град на Србија, Белград, кои што почнаа да се одржуваат пред 7 недели  под слоганот "Еден од пет милиони", продолжија на крајот и на оваа недела.

Десетици илјади лица кои учествуваа на протестот вчера (сабота) во центарот на Белград носеа транспаренти на кои пишуваше "Бараме едно оставка на Вучиќ", "Разбуди се Србијо", "Покрај народот сме", "Доволно ве трпевме".

Својот белег на протестот го удри барањето на демонстрантите за оставка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Протести под слоганот "Еден од пет милиони" освен во главниот град Белград се одржуваат и во градот Ниш.

Граѓаните на Ниш во солидарност со Белграѓаните во петоците вечер излегуваат масовно на улиците.

Антивладините протести започнаа пред 7 недели по извршениот напад врз едниот од лидерите на Сојузот за Србија (СЗС) и претседателот на Левица на Србија Борко Стефановиќ, кој беше физички нападнат пред собирот на СЗС во Крушевац.

Борко Стефановиќ пред говорот за кој што беше планирано да го одржи во градот Крушевац беше нападнат со метална шипка и беше повреден во главата.

Илјадници лица кои одговорија на повикот на опозицијата во почетокот на декември, одлучија секоја сабота да се собираат во главниот град Белград.

 



Слични вести