Средба на Никола Димитров со претседателот на Собранието Бинали Јилдирим

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитровкој допатува во работна посета на Анкара се состана со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим

1128085
Средба на Никола Димитров со претседателот на Собранието Бинали Јилдирим

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров кој кој допатува во работна посета на Турција денеска оствари низа средби и разговори во Анкара.

Димитров најпрвин се состана со својот колега, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, со кого по остварената средба лице в лице одржаа и заедничка прес-конференција, а во меѓувреме беа одржани и разговори меѓу делегациите на двете земји.

Потоа македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров го посети Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што имаше средба со претседателот на Собранието Бинали Јилдирим.

Средбата помина во срдечна и топла атмосфера.

На средбата беа разменети мислења за унапредување на комуникациите меѓу највисоките законодавни тела на двете земји во сферата на парламентарната дипломатија, а особено беше ставено акцент на поттикнувањето на конкретни и заеднички активности помеѓу Групите за пријателство и повеќе комисии во парламентите на двете земји.

 



Слични вести