Бугарија се подготвува да купи од САД 8 нови борбени авиони од типот Ф-16

Бугарскиот Парламент вчера ги одобри преговорите на владата со САД за купување на осум нови борбени авиони од типот „F-16 Block 70“ за обезбедување на потребите на своите возудшни сили

1127486
Бугарија се подготвува да купи од САД 8 нови борбени авиони од типот Ф-16

Бугарија се подготвува да купи од САД нови борбени авиони од типот Ф-16.

Бугарскиот Парламент вчера ги одобри преговорите на владата со САД за купување на осум нови борбени авиони од типот „F-16 Block 70“ за обезбедување на потребите на своите возудшни сили.

Предлогот на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на гласањето во Парламентот ја доби поддршката и на пратениците на опозиционата Партија за права и слободи (ХОХ) во која мнозинството од членовите го сочинуваат Турци.

Така лидерот на Партијата за права и слободи (ХОХ) Мустафа Карадаји рече: „Нашиот став е јасен и дециден. Кога е во прашање националната безбедност нема место за популизам. Ние не купуваме една обична техничка опрема, инвестираме во нашата национална безбедност.“ 

Од друга страна пак, пратениците на главната опозициона Бугарска социјалистичка партија (БСП) наведувајќи дека владата од Парламентот „бара отворен цех“ се спротивстави на преговорите на владата со САД за купување на борбените авиони Ф-16.

Заменик премиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов пак рече: „Согласно донесената одлука буарската влада ќе може да води пофлексибилни преговори со САД за купување на нова авионска ескадрила. Доколку овие преговори не вродат резултат ќе се преговара со Шведска за купување на воените авиони Грипен.“

Каракачанов напомена дека во нормални услови овој вид преговори траат околу осум месеци, но дека лично смета оти тие ќе бидат завршени за најмногу четири месеци.

Инаку, бугарскиот Парламент во 2018 година за купување на нови воени авиони оддели муџет од приближно една милијарда долари, додека во новата усвоена одлука не е утврдената точната цена.

Се очекува новите борбени авиони од типот „F-16 Block 70“ да ги заменат руските авиони од типот „МИГ 21“ и „МИГ 29“ кои што се користеа досега, а кои веќе се со застарена технологија.



Слични вести