Протести на учителите во грчкиот главен град Атина на кои повремено дојде и до нереди

На повик на синдикатите приближно 2 илјади демонстранти од кои мнозинството го сочинуваа учители со привремен работен однос по договор маршираа кон плоштадот Синтагма во центарот на Атина

1125673
Протести на учителите во грчкиот главен град Атина на кои повремено дојде и до нереди

На протестите организирани од страна на учителите вчера во грчкиот главен град Атина дојде до нереди помеѓу некои групи и полицијата.

На повик на синдикатите приближно 2 илјади демонстранти од кои мнозинството го сочинуваа учители со привремен работен однос по договор маршираа кон плоштадот Синтагма во центарот на Атина и протестираа против нацрт-законот со кој што се прават измени во критериумите за назначување на учители.   

Демонстрантите запалија еден транспарент на кој што пишуваше „Диплома за невработеност“, а потоа се обидоа да се искачат по степениците на зградата на Парламентот каде што беа преземени засилени безбедносни мерки.

Демонстрантите се соочија со барикадата на полицијата при што дојде до нереди помеѓу полицијата и група демонстранти.

Полицијата интервенираше со солзавец врз демонстрантите кои пак нападнаа со стапови.

Во вестите објавени во грчките медиуми пак, се вели дека некои од демонстрантите биле полесно повредени во нередите.

Според нацрт-законот поднесен од страна на Министерството за образование и верски прашања на Грција, во наредните 3 години ќе бидат назначени 15 илјади учители, меѓутоа критериумите за овие назначувања се отежнуваат. 

Согласно нацрт-законот, искуството и гработниот стаж на учителите го намалуваат влијанието во поените при назначување, додека магистратурата и докторатурата предвидува раст во поените на кандидатите за учители.

Синдикатите за образование пак, бараат да бидат назначени поголем број учители. 

Протестите кои што беа одржани од страна на учителите во Грција и минатата недела поминаа со нереди и инциденти.

Освен тоа, група демонстранти кои упаднаа во програмата во живо на грчката државна телевизија „ЕРТ“ во саботата вечер закачија транспарент и доведоа до застој на емисијата за извесно време.

 



Слични вести