МНР на Грција ја повика Русија да го почитува Договорот од Преспа со Македонија

Грчкото министерство за надворешни работи објави соопштение во кое одговори на критиките на Русија во врска со договорот од Преспа и истакна дека ја повикува Русија да го почитува договорот

1125838
МНР на Грција ја повика Русија да го почитува Договорот од Преспа со Македонија

Грција ја повика Русија да покажува почит кон постигнатиот договор од Преспа со Македонија во врска со „спорот со името“.

Грчкото министерство за надворешни работи објави соопштение во кое одговори на критиките на Русија во врска со договорот од Преспа.

Во соопштението се укажува на тоа дека договорот е постигнат помеѓу две независни земји, и под покровителство на Обединетите нации (ОН) и се вели дека овој договор придонесува за мирот и стабилноста на Балканот.

Во соопштението на МНР на Грција се истакнува следното: „Нашите меѓународни партнери се повикани да го почитуваат духот и содржината на договорот и да го поздрават фактот што политичките раководства на двете земји ја покажаа неопходната политичка храброст за да стигнат до решение за едно особено тешко прашање, во исто време бранејќи ги нивните национални интереси.“

Се укажува на надежта дека Русија ќе ја признае Македонија под нејзиното ново име „Северна Македонија“ и се предупредува да се избегнува од употреба на изрази кои што претставуваат внатрешно прашање на Грција.

Инаку, руското Министерство за надворешни работи истакна дека договорот од Преспа е наметнат од надвор и не ја претставува волјата на народот и дека прашањето треба да се пренесе во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Инаку, голем број земји на чело со Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, додека Грција под изговор дека во нејзините граници постои регион под името „Македонија“ бараше од оваа земја да го промени своето име.

Македонија поради проблемот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција од 1991 година кога ја прогласи својата независност не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Македонија е примена во членство во Обединетите нации (ОН) во април во 1993 година со што беше и меѓународно призната, меѓутоа поради приговорот на нејзиниот јужен сосед Грција е примена во членство под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM). 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев на одржаните прес-конференции во своите земји на 12 јуни 2018 година соопштија дека на крајот од преговорите се договориле за името „Северна Република Македонија“, по што со учество на владините претставници на двете земји на 17 јуни 2018 година беше потпишан Договорот од Преспа.

Потоа, Собранието на Република Македонија во петокот ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија, по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор). По ратификацијата на Договорот во Собранието во Македонија, потребно е тој да биде ратификуван и во Парламентот на Грција.

Откако Македонија и Грција целосно ќе ги исполнат своите обврски кои што произлегуваат од Преспанскиот договор, се очекува Македонија со нејзиното ново официјално име „Република Северна Македонија“ да стане 30'сета членка на НАТО.

 



Слични вести