На антивладините протести во Србија, во сабота повторно учествуваа илјадници лица

На антивладините протести кои што се одржаа на крајот и на оваа недела (5 јануари, во сабота) во главниот град на Србија, Белград и во други градови низ земјата учествуваа илјадници лица

1120186
На антивладините протести во Србија, во сабота повторно учествуваа илјадници лица

Антивладините протести кои што се одржуваат во главниот град на Србија, Белград, со учество на десетици илјади лица продолжија и на крјаот на оваа недела.

Демонстрантите кои учествуваа на протестот кој што на крајот на оваа недела (5 јануари, во сабота)  се одржа по петти пат во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Еден од пет милиони" и „Стоп на крвавите кошули", „Вратете ги украдените пензиски плати", „Војско, полицијо, запрете го предавството! Бранете го Уставот! Застанете покрај својот народ!"

Демонстрантите ја побараа оставката на генералниот директор на Радио и телевизија на Србија (РТС) Драган Бујошевиќ и застанаа во одбрана на тоа дека РСТ го информира народот погрешно по прашањето на протестите и дека наместо да ги емитува вистините од животот им одделува место на клеветите на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот актер Радослав Миленковиќ во говорот што го одржа пред насобраните рече: „Учесниците на протестот во Србија не се поглупави, помрзеливи и попредавници од оние обични луѓе кои учествуваат на протестите кои што се одржуваат на било кое место во светот.“

Протести на крајот на оваа недела освен во главниот град Белград беа одржани и во други градови како Ниш, Крагујевац, Пожега и Нови Сад.

Антивладините протести започнаа пред 5 недели по извршениот напад врз едниот од лидерите на Сојузот за Србија (СЗС) и претседателот на Левица на Србија Борко Стефановиќ, кој беше физички нападнат пред собирот на СЗС во Крушевац.

Борко Стефановиќ пред говорот за кој што беше планирано да го одржи во градот Крушевац беше нападнат со здобиен удар со метална шипка и беше повреден во главата.

Илјадници лица кои одговорија на повикот на опозицијата во почетокот на декември, одлучија секоја сабота да се соберат во главниот град Белград.

 



Слични вести