Дочек на Новата 2019 година во Македонија, Албанија и Косово

Во главниот град на Македонија, Скопје, голем број граѓани Новата 2019 година ја дочекаа на плоштадот Македонија каде што ги забавуваше хрватската рок група „Парни Валјак“, како и пејачи и музички бендови од Македонија и регионот

1117100
Дочек на Новата 2019 година во Македонија, Албанија и Косово
Makedonya Yeni Yıl Kutlamaları 1.jpg
Makedonya Yeni Yıl Kutlamaları 2.jpg

Новата 2019 година е дочекана со музика, забава и огномет на полноќ на плоштадите во Македонија, Албанија и Косово.

Во главниот град на Македонија, Скопје, голем број граѓани Новата година ја дочекаа на плоштадот Македонија каде што ги забавуваше хрватската рок група „Парни Валјак“, како и пејачи и музички бендови од Македонија и регионот.

Новогодишната прослава ја организира Град Скопје, додека на плоштадот Македонија веќе околу две недели се одржуваат разни новогодишни активности.

Во овој период на плоштадот Македонија беа поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба „Винтерленд“, каде што беа нудени рачно изработени сувенири, украси, книги, божиќни подароци, како и гастрономски специјалитети и топли пијалоци.

Во главниот град на Албанија, Тирана пак голем број граѓани со пригоден огномет и музика ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот „Скендербег“.

Таму се одржа централната новогодишна прослава на која учествуваа локални пејачи и музички бендови, чиј организатор беше општина Тирана.

Со голем деветминутен огномет и со концерт на отворено и жителите на Приштина влегоа во Новата 2019 година.

Неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот „Захир Пајазити“ во центарот на главниот град на Косово, каде што општина Приштина организираше концерт под називот „Чекај на плоштадот“.

На концертот кој започна во 22:00 часот, настапија косовски поп и рок ѕвезди.

Традиционално, повеќето од граѓаните на Косово Новата година ја дочекаа во домашна атмосфера во кругот на семејството.

 

                                                                                                                                (Anadolu Agency-AA)



Слични вести