Во отворен оган на автомобил во Елбасан во Албанија загинаа 3 лица, од кои еден турски граѓанин

Во градот Елбасан во Албанија беше отворен оган со огнено оружје на автомобил и во нападот животот го загубија 3 лица од кои еден турски граѓанин

1116168
Во отворен оган на автомобил во Елбасан во Албанија загинаа 3 лица, од кои еден турски граѓанин

Во отворен оган со огнено оружје на автомобил во градот Елбасан ви централниот дел на Албанија животот го загубија 3 лица меѓу кои се наоѓа еден турски граѓанин.

Според објавеното соопштение од Генералната дирекција на полицијата и Албанија, вчера во градот Елбасан од страна на неидентификувано лице или лица бил отворен оган со огнено оружје на автомобил.

Во вооружениот напад животот го загубиле 3 лица кои се наоѓале во автомобилот, додека меѓу тројцата загинати се наоѓал и 51-годишниот турски граѓанин Е.Д.

За расветлување на случајот и фаќање на сторителите е започната истрага.



Слични вести