На вчерашниот антивладин протест во главниот град на Србија, Белград се собраа неколку илјади лица

Неколку илјади лица кои по четврти пат се собраа во главниот град Белград повторно ја бараа оставката на спрскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ

1116027
На вчерашниот антивладин протест во главниот град на Србија, Белград се собраа неколку илјади лица

Антивладиниот протест во главниот град на Србија, Белград организиран под слоганот „Еден од пет милиони" со учество на неколку илјади лица продолжија и во текот на оваа недела.

Неколку илјади лица кои по четврти пат се собраа во главниот град Белград ја бараа оставката на спрскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Српскиот актер Бранислав Трифуновиќ кој исто така учествуваше на вчерашниот протест во своето обраќање пред насобраните истакна дека бараат да се расветли убиството на политичарот Оливер Ивановиќ и извршените напади против новинарите и опозиционерите, како и да му се признае поголемо право на збор на опозициското крило.

Трифуновиќ повтори дека ја бараат оставката на српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ

Во меѓувреме големиот број учесници на протестот кои маршираа по улиците на Белград во своите раце носеа транспаренти со натписи „Не има пет милиони", „Доста ветување и лаги, пензионерите се гладни", „Ние сме со народот", „Не сме покрај народот, а не покрај крадците“.

Протестот за време на кој беа преземени засилени безбедносни мерки заврши без инциденти.

Антивладиниот протест започна по извршениот напад врз едниот од лидерите на Сојузот за Србија (СЗС) и претседателот на Левица на Србија Борко Стефановиќ, кој пред четири дена беше физички нападнат пред собирот на СЗС во Крушевац.

Борко Стефановиќ пред говорот за кој што беше планирано да го одржи во градот Крушевац беше нападнат со здобиен удар со метална шипка и беше повреден во главата.

Илјадници лица кои одговорија на повикот на опозицијата во почетокот на декември, одлучија секоја сабота да се соберат во главниот град Белград.



Слични вести