Терористот Куфодинас, членот на „17 Ноември“ во Грција повторно доби 4 дневен излез од затвор

Членот и едниот од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција, меѓу кои и турски дипломати, Димитрис Куфодинас повторно по шести пат му е издадена дозвола за 4 дневен излез од затвор

1114940
Терористот Куфодинас, членот на „17 Ноември“ во Грција повторно доби 4 дневен излез од затвор

На Димитрис Куфодинас, членот и едниот од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција, меѓу кои и турски дипломати, повторно му била издадена дозвола за 4 дневен излез од затвор.

Според веста на Новинската агенција Атина-Македонија (АМНА), на Димитрис Куфодинас, членот и едниот од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција, меѓу кои и турски дипломати, а кој пред кусо време од високо обезбедуваниот затвор од затворен тип Коридалос во главниот град Атина беше пренесен во затворот од отворен тип во градот Волос, ќе користи 4 дневен излез од затвор, обусловен со судска контрола.

Како што се вели на терористот Куфодинас воедно ќе му се даде и дводневна дозвола за патување и на тој начин ќе биде пуштен да излезе од затвор 6 дена. 

На Димитрис Куфодинас познат по кодното име  „Лукас“ кој поради извршени терористички злосторства е осуден на 16 доживотни затворски казни и кој од 2002 година се наоѓа во затвор и претходно од страна на затворскиот совет 5 пати му беше издадена дозвола за излез од затвор.  

Пренесувањето на Куфодинас во  затворот од отворен тип во градот Волос и издадените дозволи за излегување од затвор, беа причина за реакција и кај САД и Англија.

Според грчките закони, на затворениците кои 8 години се наоѓаат во затвор им се признава право на дозвола за дневни излези. При издавање на овие дозволи за излегување кои што се одобруваат од страна на затворскиот совет се зема во предвид начинот на однесување на затвореникот во затворот, а не кривичните дела кои што ги извршил.

Терористичката организација „17 Ноември“ во периодот од 1991 до 1994 година изврши убиство врз турските дипломати на задача во амбасадата на Турција во Атина Четин Ѓорѓу и Омер Сипахиоглу, а потсекретарот на амбасадата Дениз Болукбаши, аташето за административни работи Нилѓун Кечеџи и возачот Адил Јилдирим беа ранети. 
 



Слични вести