Експлозија пред црква во Атина: Едно лице е рането

Пред една црква во главниот град на Грција, Атина дојде до експлозија на експлозивна материја во која е ранет еден полицаец

1114517
Експлозија пред црква во Атина: Едно лице е рането

Во експлозија на експлозивна материја пред една црква во главниот град на Грција, Атина е рането едно лице.

Според добиени информации од грчката полиција, пред црквата „Агиос Дионисиос“  во населбата колонаки во главниот град Атина била пронајдена сомнителна метална кутија.

Клисарот во црквата за случајот ја известил полицијата.

Грчката телевизија ЕРТ соопшти дека експлозивната материја експлодирала за време на увидот на полициските екипи кои пристигнале на местото на настанот.

Притоа во експлозијата бил ранет еден полицаец во раката и лицето.

Полициските едници ја зеле под безбедносен обрач областа и ги следеле снимките од безбедносните камери.

Во врска со случајот е започната истрага.

 

 



Слични вести