Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски разрешени, а на нивно место избрани Елвин Хасан и Музафер Бајрам

Собранието на Р. Македонија ги разреши министрите без ресор Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски, а на нивно место за нови министри без ресор беа избрани Елвин Хасан и Музафер Бајрам

1114879
Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски разрешени, а на нивно место избрани Елвин Хасан и Музафер Бајрам

Собранието на Република Македонија на вечерашната седница ги разреши министрите Аднан Ќахил, од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции и Аксал Ахмедовски, од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

На дневен ред на Собранието денеска беше предлогот на Владата на Република Македонија за разрешување на министрите Ќахил и Ахмедовски. За предлогот на Владата за разрешување на министрите Ќахил и Ахмедовски „за" гласааа 62 пратеници, а воздржани и против немаше. Од вкупно 120 пратеници, на вечерашната седница беа присутнитни 108.

Откако беа изгласани предлозите на Владата за разрешување на министрите Ќахил и Ахмедовски, се премина на гласање за именување на новите министри, кои доаѓаат на нивните места.

Со 64 гласа „за", 1 „возджан" и 6 „против", беше изгласан предлогот на Владата за министер без ресор задолжен за странски ивестиции да биде именуван Д-р Елвин Хасан, додека за предлогот Музафер Бајрам да биде именуван на функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, „за" гласаа 64 пратеници, 4 беа „против" и еден „воздржан".

По изборот на новите министри во Владата на Република Македонија на денешната седница, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери им го честиташе изборот и им посака успех во работата, по што следуваше потпишување на свечените изјави.

Претходно денеска, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев истакна дека за сега не планира поголема реконструкција на Владата, како и дека причините за разрешување на двајцата министри во Владата, Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски, се политичките партнери.

„Не планирам поголема реконструција на Владата, барем засега. Причините коишто се за разрешување на двајцата колеги се од страната на политичките партиципиенти во власта или нашите политички партнери, се донесени одлуки од страна на раководството на тие партии и бараа соодветна замена“, нагласи премиерот Заев.

Потсетуваме, Аднан Ќахил беше избран за министер без ресор задолжен за странски инвестиции на 1 јуни 2017 година, а Аксел Ахмедовски, беше избран за министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на Ромите во Македонија на 25 декември минатата година.

 

                                                                                                                                                                  (Anadolu Agency-AA)



Слични вести