Балканска агенда 52/2018

Дали Европската унија (ЕУ) ја губи својата сила на Балканот?

1113559
Балканска агенда 52/2018

Општата надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) се појави во средина на војната што се водеше во 1990’сетите години на териториите на поранешна Југославија. Балканот во тие години беше искористен како поле на тестирање за надворешната политика на Европската унија (ЕУ). Благодарение на стекнатите искуства од овој регион пак, денес Брисел е дојден во покомпетентна состојба за потрагите по мир и стабилност во другите делови во светот. Стекнатите искуства на Балканот од аспект на ЕУ, служат и како средство за следење на поефикасна надворешна политика на глобално ниво.

Кон средината на 20 век, потребата од соработка во полето на надворешната политика и одбраната во земјите од Западна Европа стана доста поевидентна. Окупацијата на Јужна Кореја од страна на Северна Кореја во 1950’та година, авантурите на Сталин во Централна Европа ги поткрепија идеите за интеграција на Западна Европа и во сферата на одбраната. Меѓутоа некои европски земји, и особено Англичаните во тој период, не беа спремни да направат отстапки од својата национална независност. На тој начин не успеаја иницијативите како што беа Европска заедница за одбрана и Европска политичка заедница. Потоа, за соработка во сферата на надворешната политика и безбедносната политика Европејците мораа да го почекаат Договорот од Мастрихт. Договорот од Мастрихт кој стапи на сила во 1993 година ја воспостави Европската унија (ЕУ) која се состои од три столба. Вториот од тие столба беше Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Војните кои што беа водени во првата половина на 1990’сетите години на териториите на поранешна Југославија, беа првиот сериозен предизвик пред Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Меѓутоа, во тој период Европската унија (ЕУ) и не можеше да биде повеќе успешна на Балканот. Основната причина беше таа што земјите членки на Унијата поради своите лични интереси не можеа да следат продуктивна заедничка надворешна политика кон регионот. Затоа за решавање на кризата на Балканот имаше потреба од САД, и оваа состојба пак му наштети на имиџот на Европската унија (ЕУ). Сепак, војните кои што беа водени на Балканот во 1990’сетите години, организираниот криминал и слични настани влијаеја и на Европската унија (ЕУ). Како резултат на тоа пак, добија интензитет иницијативите за развој на заедничката надворешна и безбедносна политика.

Поука за Европската унија (ЕУ) не беа само војните на Балканот. Во пеиодот на војните ЕУ постојано беше присутна на овие простори од политички, економски и воен аспект. Повеќето од меѓународните полициски и воени мисии на задача во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, ги презедоа различни мисии на ЕУ. Брисел, со поддршка на НАТО, од една страна вложи напори за зачувување на мирот и стабилноста во Балканските земји, од друга страна ги поддржа трансформациите во општествата на регионалните земји, а освен тоа  целиот регион го вклучи кон процесот на проширување на Европската унија (ЕУ).

Сето тоа ја  оформи сферата за стекнување на значајно искуство во заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ). Ете функционерите во Брисел потпирајќи се на овие искуства   веруваат дека ЕУ би можела да обезбеди значаен придонес во потрагите по мир и стабилност во различни делови на светот.

Како што е познато, Договорот од Лисабон од 2009 година уште повеќе ја зајакна заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ). Со  формирањето на Високото претставништво за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), Брисел се надева дека ќе може да го прочуе уште повеќе својот глас во светот како глобален актер. Меѓутоа, ЕУ за да би можела да ја докаже својата доверливост како глобален актер, овојпат мора да биде поуспешна во Западен Балкан, како преден двор на Унијата. Брисел кој е свесен за тоа фрли забележливи чекори во правец на нормализирањето на односите помеѓу Србија и Косово. Меѓутоа, во последните две години поради одрредени внатрешно политички случувања и меѓусебни спорови процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина влезе во криза. Во точката до која што е дојдено, Србија и Косово ги доживуваат најтешките односи во последните години и взаемните фрлени чекори односите речиси ги водат во безизлез (ќорсокак). Интересна страна е тоа што, Брисел за решавање на кризата на Балканот повторно има потреба од поддршката на САД.

Очигледно е дека политиката што ја следи Брисел во Западен Балкан општо има куративен ефект во односите меѓу регионалните земји. Сепак, од аспект на Европската унија (ЕУ) на Балканот се уште постојат значајни политички проблеми кои чекаат решение. Пред се, во период кога изгледа дека ќе се крене грчката препрека пред Македонија за нејзино членство во Европската унија (ЕУ), Брисел треба да фрли конкретни чекори за поддршка на Скопје. И покрај тоа што Македонија и Грција постигнаа соодветен компромис во спорот со името, поради внатрешно политичките случувања внатре во Европската унија (ЕУ) Брисел не може да фрли чекори со кои што ќе може да се забрза членството на Макеоднија во Унијата.  Она што е лошо овде, е тоа што Брисел во последните месеци повторно почна да ја покажува онаа своја слабост и пред проблемите на Косово и во Босна и Херцеговина. Оваа состојба пак, станува причина за повторно заживување на чувствителните проблеми во Балканските земји.

Автор на е д-р Ерхан Турбедар



Слични вести