Свечен прием во Скопје по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик

Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Ердоган, во своето обраќање на свечениот прием по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик истакна дека е посебно задоволство турскиот јазик да се одблежува со свеченост

1111652
Свечен прием во Скопје по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик
İbrahim Kalın Makedonya Türkçe Bayramı resmi davet 1.jpg
İbrahim Kalın Makedonya Türkçe Bayramı resmi davet 2.jpg

Синоќа во Скопје се одржа свечен прием по повод Денот на образование на турски јазик – 21 декември, во организација на Сојузот на турски невладини организации (МАТУСИТЕБ), а со поддршка на Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА).

На свеченоста присуствуваа Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Турција, Реџеп Тајјип Ердоган, потпретседателот на Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Аднан Ќахил министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, министерот задолжен за диаспора Едмонд Адеми, Халук Дурсун заменик-министер за култура и туризам на Турција, амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам, пратеници, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на државни организации и институции и на невладините организации.

По интонирање на химните на двете држави Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган, во своето обраќање до присутните на свечениот прием истакна дека е посебно задоволство турскиот јазик да се одблежува со свеченост.

Калин изразувајќи ја својата благодарност до сите што учествуваат во одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, им се заблагодари и на пријателите од Македонија поради гостопримството.

Тој истакна дека богатството на општеството, убавината, мирот и спокојството се наоѓа тука.

„Ви носиме поздрави од сите граѓани на Турција, од 81 милион, имате поздрави од Анадолија. Ви донесов поздрави од Истанбул, Бурса, Конја, Мардин, Урфа. Исто така тука сите ние имаме поздрав од Кудс, од Босна од Самарканд. Поздрав, почит и молитва од сите нас до тие убави градови, до тие простори каде што се зборува нашиот јазик и јазикот на нашето срце. Секако имате поздрави и од нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган”, рече Калин.

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил истакна дека Денот на наставата на турски јазик е многу значаен за Турците што живеат во Македонија.

Истакнувајќи дека има недостатоци во развојот на турскиот јазик во Македонија, Ќахил додаде: „Мораме да работиме заедно за надминување на овие недостатоци. Соработката треба да биде уште понапредна. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на ТИКА и на МАТУСИТЕБ. Исто така поради поддршката сакам да му се заблагодарам и на претседателот на Реџеп Тајјип Ердоган."

Халук Дурсун, заменик-министер за култура и туризам на Турција се заблагодари на Македонија за прославата на 21 декември како Ден на наставата за турски јазик и истакна дека многу се задоволни од тоа што неговите сонародници имаат можност да го учат турскиот јазик.

Дурсун наведе дека Денот на наставата за турски јазик на сограѓаните Турци им дава можност да се потсетат на своето потекло.

„Во исто време нуди огромен придонес во заштитата и развојот културната разновидност на Македонија", истакна тој.

Дурсун посочи дека секогаш се подготвени да ги поддржат институциите како што се амбасадата на Турција во Скопје, Институтот „Јунус Емре", ТИКА и Претседателството на Турците во странство, како и сродните заедници кои придонесуваат за развојот на турскиот јазик.

Тој посочи дека Турција секогаш е подготвена да даде поддршка за да заедничките вредности на двете земји да излезат на виделина.

Претседателот на Сојузот на турски невладини организации во Македонија - МАТУСИТЕБ Хусреф Емин рече дека пред 10 години имаше пресвртница за Турците во Македонија, беше донесен законот со кој 21 декември да се одбележува како Ден на наставата на турски јазик, а со тоа беше запечатено присуство на Турците во Македонија.

Емин додаде и дека во делот на образованието на мајчин јазик спровеле бројни активности, додавајќи: „Прашањето за образование, за жал, е во фаза во која Турците од Македонија се уште чекаат решение".

 

                                                                                                                             (Anadolu Agency-AA) 

 



Слични вести