Калин: Турција ќе продолжи со нејзините политики за поддршка на мирот и стабилноста на Балканот

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека Турција како досега така и во иднина ќе продолжи  со нејзините политики за поддршка и инклузивност на мирот и стабилноста на Балканот

1111601
Калин: Турција ќе продолжи со нејзините политики за поддршка на мирот и стабилноста на Балканот

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин кој во рамките на манифестациите по повод одбележувањето на 21 декември - Денот на наставата на турски јазик престојува во Македонија учествуваше на приредениот свечен прием по повод овој значаен ден, празник на турската заедница во оваа земја.

По приемот што се одржа во Скопје каде што имаше свое обраќање пред присутните, портпаролот Калин даде изјава за новинарите и притоа истакна дека Турција како досега така и во иднина ќе продолжи  со нејзините политики за поддршка и инклузивност на мирот и стабилноста на Балканот.

Велејќи дека Празникот на образованието на турски јазик е од голема важност од аспект на односите помеѓу Турција и Македонија, Ибрахим Калин подвлече дека освен тоа овој настан претставува извонреден пример и за историските и културните врски на Турција со Балканот, а воедно напомена дека одбележувањето на празникот претставува добар пример за мултикултурната и повеќејазична структура во Македонија.

„Всушност во време кога се дискутираат прашањата од мултикултурата, кога мултикултурноста на Западна Европа веќе се наоѓа во криза, и кога плурализмот не нуди решение, кога ќе дојдеме малку јужно и источно од Западна Европа, на тие простори можеме да видиме добар пример каде што Турците, Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците, Муслиманите, немуслиманите и етничките групи кои говорат различни јазици можат да живеат во мир. Всушност ова преставува искуство и може да служи за пример за дебатите за плурализмот во Европа, за која се вели дека е во криза“, нагласи Калин.

Истакнувајќи дека Турците имаат посебна поврзаност со Балканот, Калин рече дека неговите предци изградиле цивилизација од внатрешноста на Централна Азија, до Балканот и европските граници на Балканот, и во тие широки простори доминирале со умот, мудроста, моралот, науката, културата, уметноста и естетиката.

Тој рече дека историските споменици во регионот не се само историски споменици на Османлиите, туку се и голема придобивка на човечката цивилизација. Калин нагласи дека фактот што спомениците се зачувани и денес е најдобар пример за тоа колку се тие со постојан квалитет.

Калин, исто така, потсети дека со инструкции на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Институтот „Јунус Емре", Фондацијата „Маариф", како и сите други институции спроведуваат обемни студии за да ги оживеат делата на нивните предци.

„Се реставрираат историските споменици, тие простори се оживуваат. Всушност, традицијата може да се одржува само на тој начин", рече Калин.

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин наведе дека во модерното време турскиот јазик помина низ многу различни фази и рече дека постоењето на јазиците е богатство.

Нагласувајќи дека можат да ја исполнат нивната одговорност во однос на турскиот јазик Калин нагласи: „Како што знаете од проектот ТЕДА до „Јунус Емре" имаме многу активности во различни области. Сите треба да вложиме многу напори за да турскиот јазик во сите делови на светот биде јазик на литературата, филозофијата, науката, уметноста, мислата и дипломатијата".

Потсети дека Јахја Кемал Бејатли, Мехмет Акиф Ерсој, кои дале значен придонес за турскиот јазик се од балканскиот регион, а тоа пак е одличен пример дека турскиот јазик е многу добар за изразување, отколку што се мисли.

„Ги повикуваме сите пријателски и сојузнички држави да соработуваат со Турција против ФЕТО“

Ибрахим Калин се осврна и на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и нагласи дека се води мошне силна борба против оваа терористичка организација и тоа не само на Балканот, туку насекаде низ светот.

Тој рече: „Вистинското лице на оваа терористичка организација се појави со нивните предавнички завери, пред обидот за предавничкиот државен удар на 15 јули. Нашиот повик до сите пријателски, братски и сојузнички земји е да бидат претпазливи кон оваа терористичка организација, без задоцнување да ги преземат неопходните мерки и да ги фрлат потребните чекори. Тоа не треба да го направат за да се поправат билатералните односи со Турција, или пак да се освои срцето на Турција, туку за своите сопствени национални интереси и за сопствената иднина, а бидејќи предавството кое што го изврши оваа терористичка организација ноќта на 15 јули 2016 година и оној суров масакр во секој момент би можеле да се повторат и во други земји", истакна Калин.

Велејќи „Пристапот и терористичката организација, и таквиот менталитет се погодни за завери секаде“, Ибрахим Калин го  подвлече следното: „Затоа ги повикуваме сите пријателски и сојузнички држави, тие блиску да соработуваат со Турција против ФЕТО. Да не дозволат да дише таа организација во тие земји. Денес, терористичката организација се крие зад невините зборови како што се служење и дијалог. Тие исто како што направија во Турција, и во други држави можат да организираат предавство и секој вид на убиства. Нашето предупредување е да бидат исправени и да покажат јасен став против терористичката организација поради своите национални интереси."

Тој истакна дека ФЕТО во земјите каде што се наоѓа, особено го искористува системот во своја корист, можностите на земјата ги злоупотребува во нејзина полза и потсети дека ги Турција ги доставува потребните предупредувања во таа насока.

„Фала му на Бога добиваме резултати. Во многу земји терористичката организација ФЕТО веќе не може да биде активна. Ова, чекор по чекор ќе продолжи секаде по светот. Република Турција, нема да дозволи оваа предавничка мрежа да организира убиства, предавства, ниту во Турција, ниту пак во друго место", додаде  портпаролот на пртеседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин.

 

                                                                                                                              (Anadolu Agency-AA)

 

 



Слични вести