Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во посета на Скопје

Делегација предводена од Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Скопје се состана со националниот координатор на НАТО Стево Пендаровски

1111507
Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во посета на Скопје
İbrahim Kalın_Makedonya temasları_1.jpg
İbrahim Kalın_Makedonya temasları_2.jpg

Делегација предводена од Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Реџеп Таjjип Ердоган, која е во посета на Република Македонија се состана со националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Портпаролот на претседателoт Ердоган, Калин, претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам, заменик претседателот за верски прашања Селим Аргун и амбасадорката на Репубика Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, денес во Владата на Република Македонија, се состанаа со националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и неговата делегеција.

На средбата присуствуваа и заменик министерот за образование и наука на Република Македонија Петар Атанасов и пратеникот во Собранието на Република Македонија Мухамед Зекири.

Средбата беше отворена за медиумите само за снимање и фотографирање, а потоа продолжи зад затворени врати.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и неговата делегација вечерва ќе присуствуваат на свечена прослава по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, која ќе се одржи во Скопје.

 

                                                                                                                                   (Anadolu Agency-AA)



Слични вести