Албанија прогласи за непожелни личности двајца ирански дипломати од Амбасадата во Тирана

Портпаролката на министерството за Европа и надворешни работи на Албанија Едлира Пренди рече: „Албанија донесе одлука за прогласување за непожелни личности на двајца дипломати од Амбасадата на Иран“

1110534
Албанија прогласи за непожелни личности двајца ирански дипломати од Амбасадата во Тирана

Aлбанија донесе одлука за прогласување за непожелни личности на двајца дипломати од Амбасадата на Иран во Тирана.

Портпаролката на министерството за Европа и надворешни работи на Албанија Едлира Пренди во врска со случајот рече: „Албанија донесе одлука за прогласување за непожелни личности на двајца дипломати од Амбасадата на Иран, за кои постои  сомневање дека биле вмешани во активности кои претставуваат закана за безбедноста на земјата.“ 

Пренди истакна дека активностите во Албанија на овие двајца дипломати се во спротивност со нивниот дипломатски статус и дека одлуката за нивно прогласување за непожелни личности е донесена со консултација со сојузничките земји.



Слични вести