Писмо од Трамп до Тачи со барање за постигнување договор со Србија

Доколку не успеете да ја искористите оваа единствена можност, тоа ќе биде трагично враќање назад

1110041
Писмо од Трамп до Тачи со барање за постигнување договор со Србија
hasim taci.jpg

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) побара од претседателот на Косово, Хашим Тачи, да се искористи овој единствен момент, со цел постигнување сеопфатен договор со Србија.

Американскиот претседател Трамп испрати писмо до Тачи во кое пишува дека Косово е одлучувачки партнер на САД во напорите да се гарантира мирот и стабилноста на цела Европа. Трамп ги поздрави моменталните напори на Тачи за помирување со Србија и бара да се искористи овој единствен момент, со цел постигнување севкупен договор со Србија“, соопштено е од Кабинетот на Тачи.

„Доколку не успеете да ја искористите оваа единствена можност, тоа ќе биде трагично враќање назад, бидејќи втора можност за постигнување сеопфатен мировен договор, тешко дека ќе може да се повтори, за долго време“, наведе Трамп.

„Ве поттикнувам Вас и косовските лидери да го искористите овој единствен момент, со еден глас да говорите во текот на преговорите за мир, да се воздржите од постапките кои можат да го отежнат постигнувањето на договорот. Соединетите Држави вложија многу во успехот на Косово, како независна и суверена држава. Ние сакаме Вашата земја да продолжи да се развива. Спремни сме да помогнеме во Вашите напори да постигнете договор, кој подеднакво ќе ги одрази интересите на Косово и Србија. Таков договор е можно да се постигне“, напиша Трамп, и порача дека очекува во Белата куќа да ги пречека Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за да го прослават она што ќе биде историски договор.



Слични вести