Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг: Не е време за Косовска армија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со усвоените нацрт-закони во Собранието на Косово за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во Армија рече дека не е време за тоа

1107303
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг: Не е време за Косовска армија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека усвојувањето на нацрт-законите кои што предвидуваат Косовските безбедносни сили да се трансформираат во Армија е дочекано со жалење и дека не е време за тоа.

Столтенберг во објавеното писмено соопштение го рече следното: "Одлуката за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија е одлука која што ќе ја донесе само Косово, меѓутоа отворено го изнесовме тоа дека времето на оваа трансформација е лошо."

Столтенберг напомена дека буди жалење тоа што одлуката за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во Армија е донесена и покрај грижите кои што ги изнесуваше НАТО.

Нагласувајќи дека НАТО е спремен да ги поддржува Косовските безбедносни сили (КБС) со нивните сегашни надлежности, Столтенберг напомена дека со промената на тие надлежности Сојузот е приморан да ги преиспита своите односи со Косовските безбедносни сили (КБС)

Јенс Столтенберг привлече внимание дека НАТО е одлучен со посредство на Косовските мировни сили (КФОР) да продолжи да придонесува за безбедноста на Косово, и ги повика сите страни да се воздржат од зголемување на затегнатоста.

Инаку, Собранието на Косово вчера ги усвои нацрт-законите кои што предвидуваат Косовските безбедносни сили (КБС) да се трансформираат во Армија.

Пратениците гласаа за три нацрт-закони со кои се регулираат функционирањето на Косовските безбедносни сили (КБС), условите на служба и трансформацијата на сегашното Министерство на Косовските безбедносни сили во Министерство за одбрана.

Откако овие усвоени нацрт-закони ќе бидат ратификувани од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи, Косовските безбедносни сили (КБС) официјално ќе се трансформираат во Косовска армија.

 



Слични вести