Собранието на Косово ги усвои нацрт-законите за формирање на Косовска армија

На седницата на Собранието пратениците гласаа за три нацрт-закони со кои што се регулира функционирањето на Косовските безбедносни сили (КБС), условите на служба и трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во Министерство за одббрана

1107022
Собранието на Косово ги усвои нацрт-законите за формирање на Косовска армија

Собранието на Косово ги усвои нацрт-законите со кои што се предвидува Косовските безбедносни сили (КБС) да се трансформираат во Армија.

На седницата на Собранието пратениците гласаа за три нацрт-закони со кои што се регулира функционирањето на Косовските безбедносни сили (КБС), условите на служба и трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во Министерство за одббрана.

На гласањето во Собранието на Косово составено од вкупно 120 пратеници, присуствуваа 107 пратеници, додека српските пратеници не присуствуваа на оваа седница.

Притоа, за нацрт-законот за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во Министерство за одбрана и нацрт-законот за функционирање на Косовските безбедносни сили (КБС) гласаа по 106 пратеници, а нацрт-законот за условите на служба на Косовските безбедносни сили (КБС) беше усвоен со гласовите на 105 пратеници.

Откако усвоените нацрт-закони ќе бидат ратификувани од страна и на косовскиот претседател Хашим Тачи, Косовските безбедносни сили (КБС) официјално ќе се трансформираат во Армија на Косово, т.ј. Вооружени сили на Косово.

Инаку, косовската влада на 13 септември поднесе до Собранието три нацрт-закони со кои што се предвидуваше Косовските безбедносни сили (КБС) да се трансформираат во Армија.

Првото читање на трите нацрт-закони беше реализирано на 18 октомври и истите беа поддржани од страна на пратениците во Собранието на Косово.



Слични вести