Јоханес Хан престојуваше во посета на Србија

Одлукат на Косово за зголемување и спроведување на даночна стапка од 100 насто за производите кои се увезуваат од Србија и БиХ, се коси со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и Договорот за партнерство

1100052
Јоханес Хан престојуваше во посета на Србија

Јоханес Хан европскиот комесар одговорен за политиката на соседство и преговорите за проширување упати повик за „укинување на пречките за регионална соработка“ со Косово како и одлуката на оваа земја за зголемување и спроведување на даночната стапка од 100 насто врз производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина.

Во рамките на посетата на Србија, Хан оствари средба и со претседателот Александар Вучиќ.

По средбата, Хан во изјавата преку профилот на твитер напиша дека на средбата со Вучиќ имале можност да разменат мислења во врска со неодамнешната одлука на Косово за зголемување и спроведување на даночна стапка од 100 насто за производите кои се увезуваат од Србија и БиХ, потенцирајќи дека оваа одлука се коси со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и Договорот за партнерство и стабилизација на ЕУ.

Хан подвлече дека на средбата со српскиот лидер постигнале согласност за што поскоро намалување на тензиите, додека на соговорниците на Косово ќе им упати повик за укинување на пречките за унапредување и развој на регионалната соработка и трговија.

Од друга страна пак, во писменото соопштение кое беше објавено од страна на претседателството на Србија беше истакнато дека Вучиќ на средбата потенцирал на евентуалните неповолни последици кои можат да бидат предизвикани од одлуката на Приштина, предупредувајќи дека одлуката на Косово може да предизвика дестабилизација на целиот регион.

Вучиќ му се заблагодари на разбирањето и напорите за решавањето на спорот на Хан, изнесувајќи ја и спремноста на Србија за продолжување на дијалогот со Приштина.

Вучиќ во продолжение додаде дека Србија нема да одговори на соодветен начин на одлуката за зголемување на даночната стапка на Косово, потенцирајќи дека Србија во регионот сака да остане доверлив партнер на Европа и светот.

Хан рече дека по посетата на Србија ќе престојува во посета на Србија.

Минатиот месец на предлог на министерот за трговија и индустрија на Косово Ендрит Шала, Собранието на Косово усвои одлука за зголемување на даночната стапка на производите кои се увезуваат од Србија која не ја признава независноста на Косово како и од БиХ.

Србија, по едностраното одвојување на Косово и прогласувањето на независноста на 17 февруари 2008, и покрај признавањето од страна на над 100 земји, на Косово и натаму смета како на дел од своите територии, поради што не ја признава независноста на оваа земја.

Босна и Херцеговина како последица на неодобрувањето на српските раководители, не може да ја признаат независноста на Косово.



Слични вести