На претседателските избори во Грузија победи Саломе Зурабишвили

Саломе Зурабишвили со освоени 59,54 отсто гласови на бирачите стана прва жена претседател на Грузија

1097286
На претседателските избори во Грузија победи Саломе Зурабишвили

Во вториот круг од претседателските избори кои што беа одржани вчера во Грузија победи Саломе Зурабишвили која беше поддржувана од владата и која со освоени 59,54 отсто гласови стана прва жена претседател на Грузија.

На табелата емитувана во живо преку официјалната интернет страница на Централната изборна комисија на Грузија стои дека се изброени 99,92 отсто од гласовите.

Според тоа, Зурабишвили освои 59,54 отсто, а кандидатот на опозицијата Григол Вашадзе освои 40,46 отсто гласови.

На тој начин Заломе Зурабишвили стана прв претседател на Грузија кој според направените последни измени во уставот на земјата е избран од страна на народот. Зурабишвили воедно стана прва претседателка жена во историјата на Грузија.  

66-годишната Зурабишвили која е родена во 1952 година во францускиот главен град Париз, во периодот од 2004 до 2005 година ја извршуваше функцијата министерка за надворешни работи во кабинетот на тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Зурабишвили добила образование во Франција и САД, а во 2003 и 2004 година беше амбасадорка на Франција во Тбилиси.

Саломе Зурабишвили во 2006 година ја формираше партијата патот на Грузија, а потоа стана пратеничка, по што пак за да се кандидира за претседател на државата поднесе барање за откажување од француското државјанство.

Новоизбраната претседателка на Грузија Зурабишвили се очекува да положи заклетва на 16 декември и официјално да почне да ја извршува оваа нејзина функција.

 



Слични вести