Македонскиот демократски модел на соживот е предизвик за Европа

Целта на информациите е постојан развој.

1097463
Македонскиот демократски модел на соживот е предизвик за Европа

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на својата посета на Турција, учествуваше на конференција во организација на Универитетот Улудаг во турскиот град Бурса.

Иванов во свое обраќање на конференцијата изрази задоволство што се наоѓа во овој град и истакна дека тие секојдневно го надградуваат и го усовршуваат моделот на соживот.

Според Иванов, за некои држави на Балканот и во Европа, македонскиот демократски модел на соживот сè уште претставува предизвик.

Иванов нагласи дека моделот во Македонија е втемелен врз позитивните искуства од минатото, а воедно е и модел на иднината.

„Ако во минатото сме можеле да живееме и да напредуваме заедно, можеме и мораме да се обидеме тоа да го постигнеме и во иднина“, рече Иванов.

Тој нагласи дека целта на информациите е постојан развој.

„Со цел да се разбере денешниот свет, треба да се храниме од Ибн Халдун (арапски историчар) наместо од различни извори. Ибн Халдун вели дека секое нешто што се раѓа, расте, се развива и се уништува, исто како цивилизациите“, додадеИванов.

Од друга страна, ректорот на Универзитетот Улудаг, проф. д-р Јусуф Улџај, изрази задоволство од угостување на Иванов во овој универзитет.

Во рамките на посетата на турскиот град Бурса, Иванов вчера ги посети историските места во подрачјето на Изник кое се наоѓа во Бурса.



Слични вести