Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на пребеганиот поранешен премиер Груевски

На вчерашната пленарна седница на Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ му е одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски кој пребега во Унгарија каде што побара политички азил

1096631
Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на пребеганиот поранешен премиер Груевски

Собранието на Република Македонија му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски кој пребега во Унгарија каде што побара политички азил.

На вчерашната пленарна седница на Собранието се гласаше за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски кој пребега во Унгарија каде што на 13 ноември се обрати за политички азил и неговото барање беше прифатено од страна на унгарската влада.

За одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски беше потребно апсолутно мнозинство од 61 пратеник од 120 вкупно пратеници во Собранието и притоа 62 пратеници гласаа за одземање на неговиот имунитет.

На гласањето немаше против и воздржани.

Груевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук на 13 ноември истакна дека во последните неколку дена примил безброј закани по неговиот живот и напиша: „Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти.“

На својата објава на 20 ноември пак Тој истакна дека од страна на Унгарија било одговорено позитивно на неговото обраќање. 

Во меѓувреме и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопшти дека била добиена потврда за тоа дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил.

Во објавеното соопштение од Генералната дирекција на албанската полиција пак беше истакнато дека Груевски кој на 13 ноември се обратил за политички азил во Унгарија на 11 ноември од граничниот премин Хани и Хотит во северозападниот дел на земјата со возило во сопственост на унгарската Амбасада во Тирана преминал во Црна Гора.

На 13 ноември беше распишана и меѓународна потерница за апсење на Груевски.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски е правосилно осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ за набавката на луксузен автомобил вреден 570 илјади евра.

Од друга страна минатата година од страна на Основниот суд во Скопје во рамките на судскиот процес „Титаник“ им беа одземени пасошите на неколку лица меѓу кои и на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

 



Слични вести