Еднодневниот штрајк во Грција доведе до застој во сообраќајот во главниот град Атина

Денешниот општ штрајк во Грција со барање за покачување на платите и колективен договор се одржа во центарот на главниот град Атина, траеше приближно 3 часа и заврши без инциденти

1096835
Еднодневниот штрајк во Грција доведе до застој во сообраќајот во главниот град Атина

Поради еднодневниот општ штрајк во Грција со барање за покачување на платите и колективен договор дојде до застој во сообраќајот во главниот град Атина.

Општиот штрајк се одржа на повик на Генералната конфедерација на работничките синдикати (ГСЕЕ) и Фронтот за синдикална борба (ПАМЕ). 

Вработените кои протестираа против буџетот за 2019 година на земјата која во месец август излезе од програмата на пакетот за спасување, штрајкуваа за покачување на минималната плата која што во рамките на мерките за стегање на ременот (строгите мерки за штедење) во значителна мера се намали и за враќање на нивните права за колективен договор. 

Протестот за време на кој центарот на главниот град Атина беше затворен за сообраќај, траеше приближно 3 часа и потоа заврши без инциденти.

Поради штрајкот во Атина беа сопрени сите линии за колективен градски превоз со тролејбуси, метро и возови, а автобусите работеа само во утврдени термини.

Поради одлуката на работниците во железниците и пристаништата за одржување на 24 часовен штрајк беа откажани и железничките линии и особено поморските линии со кои што се поврзуваат островите со континенталниот дел на земјата.

Од друга страна, поради еднодневниот штрајк на новинарите вчера не беа емитувани вести преку телевизијата, а за  денеска не беа печатени и весници.

Пред две недели во Грција штрајкуваа и вработените во јавниот сектор  кои бараа покачување на пензионерските плати и отплата на нивните одбитоци во платите. 

Поради мерките за стергање на ременот (ригорозните мерки на штедење) кои што се преземаат во рамките на осумгодишниот пакет за спасување во Грција дојде до намалување во значајна мера на платите на вработените и пензионерите во оваа земја.

Грчката влада од една страна поради високиот долг кон кредиторите применува строга политика на финансиска дисциплина, од друга се соочува со тешкотии во обезбедување на барањата на народот кој е истоштен од строгите мерки на стегање на ременот (ригорозните мерки на штедење).  

Грчката влада ветува дека во рамките на преговорите за буџетот кои што продолжуваат ќе се оди на намалување во процентот на некои даноци, покачување на социјалната помош и отплата на одбитоците на вработените во јавниот сектор во некои сфери.

 



Слични вести