Килис и Гостивар станаа збратимени градови

Делегацијата од Килис предводена од градоначалникот Хасан Кара, која престојува во посета на Гостивар оствари средба со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари при што беше и протокол за збратимени градови на Килис и Гостивар

1095369
Килис и Гостивар станаа збратимени градови

Локалната самоуправа на Гостивар во северозападниот дел на Македонија и градот Килис во југоисточниот дел на Турција потпишаа протокол за збратимени градови.

Градоначалникот на Килис Хасан Кара кој во придружба на многучлена делегација го посети градот Гостивар во рамките на остварените разговори се состана со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

На средбата на која беше направена проценка на односите помеѓу двата града, беше потпишан протоколот за збратимување помеѓу Гостивар и Килис.

Градоначалникот на Клис Хасан Кара на прес-конференцијата одржана по средбата истакна дека е горд од тоа што се наоѓа во Гостивар и дека двата града Гостивар и Килис имаат безброј заеднички карактеристики.

Кара рече: „Колку што ми е познато Гостивар значи место каде што се пречекуваат убаво гостите и каде што гостите живеат убаво. И Килис моментално е град кој што пречекува најмногу гости во светот. Ние  го нарекуваме и град на надежта и мирот“.

Потсетувајќи дека поради војната во Сирија во градот Килис се засолнаа стотици илјади луѓе Хасан Кара, појасни дека и во Гостивар живеат во братство Турците, Албанците и другите народи. 

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари го изрази задволството од збратимувањето на двата града и рече дека е среќен што денес го угостува градоначалникот на Килис.

Велејќи дека по иницијатива на еден гостиварчанец кој живее во Истанбул и во правец на заедничката одлука двата града станаа збратимени, Таравари рече:

„Денес го потпишавме договорот за соработка. Се надевам дека ќе имаме соработка во безброј сфери вклучувајќи ги и взаемните инвестиции, на чело со образованието и културата.“

 



Слични вести