Тензични протести во албанскиот главен град Тирана помеѓу група демонстранти и полицијата

Група албански граѓани одржаа протести во главниот град Тирана против проектот за изградба на Големата обиколница околу главниот град во чии рамки ќе им бидат срушени куќите при што дојде и до кус судир помеѓу демонстрантите и полицијата

1089261
Тензични протести во албанскиот главен град Тирана помеѓу група демонстранти и полицијата

Во главниот град на Албанија, Тирана, беа одржани протести против проектот за изградба на Големата обиколница околу главниот град.

Албанските граѓани чии куќи во рамките на овој проект ќе бидат срушени се собраа пред општинската зграда на Тирана.

Демонстрантите се обидоа насилно да влезат и во општинската зграда каде што се одржуваше состанок на општинското собрание.

Притоа дојде до кус судир помеѓу полицијата и демонстрантите.

Како што се истакнува за време на судирот беа повредени неколку припадници на безбедносните сили.

Демонстрантите фрлија димни бомби, јајца и молотови коктели врз полицијата од чија страна беа попречувани.

Албанските граѓани кои се подложени на негативното влијание на проектот за изградба на големата обиколница околу главниот град бараат целосна гаранција за обештетување, т. ј. надомест кој што ќе им се плати поради рушењето на нивните куќи во околината на големата обиколница што ќе се изгради.

Тие велат дека не е нивна вина тоа што зградите биле изградени во зоната каде што поминува еден сегмент на Големата обиколница.

Во рамките на проектот за изградба на Големата обиколница на Тирана се предвидува рушење на стотици згради и објекти од кои дел се изградени нелегално.

Општина Тирана претходно соопшти дека на граѓаните чии куќи ќе бидат срушени ќе им се исплаќа кирија од страна на општината во текот на 3 години.

 

 



Слични вести