Расте бројот на заболените во Србија кои умреа од вирусот „Западен Нил“

Вирусот беше распространет во различни градови на Србија, поради што кај 398 лица беше утврден вирусот Западен Нил

1075644
Расте бројот на заболените во Србија кои умреа од вирусот „Западен Нил“

Бројот на заболените во Србија кои подлегнаа на вирусот „Западен Нил“ се зголеми на 36.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“ беше истакнато дека заклучно со 16 октомври, бројот на заболените лица кои умреа од западнонилската треска изнесува 36.

Вирусот беше распространет во различни градови на Србија, поради што кај 398 лица беше утврден вирусот Западен Нил.

Само во Белград беа утврдени 204 случаи на заболување од вирусот Западен Нил, додека вкупниот број на заболени во земјите членки на ЕУ изнесуба 1436.

Заклучно со 18 октомври, Во Италија беа регистрирани 550 случаи, во Грција 302, во Романија 268, во Унгарија 212, во Хрватска 45, во Франција 24, во Австрија 19, во Бугарија 11, во Словенија 3, во Чешка 2.

Во Италија 44, во Грција 41, во Романија 38, во Бугарија 11 и во Унгарија 1 лице умре од вирусот Западен Нил.



Слични вести