Во Скопје започна Петтиот меѓународен студентски конгрес

Конгрес е многу значајна манифестација на која учествуваа 135 студенти од 40 земји и младите умови ќе дадат придонес за миров во светот

1062314
Во Скопје започна Петтиот меѓународен студентски конгрес

Во Скопје започна Петтиот меѓународен студентски конгрес кој се одржува под покровителство на Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ).

На конгресот кој се поддржува од страна на Дирекцијата на културниот центар Ататурк а кој се одржа во кампусот на МБУ, освен претставници на државните организации и установи од Турција, учествуваат и студенти и академици.

Ректорот на универзитетот професор Исмаил Коџајусуфоглу во говорот во оваа прилика рече дека годинашниот петти конгрес претставува многу значајна манифестација на која учествуваа 135 студенти од 40 земји, потенцирајќи дека младите умови ќе дадат придонес за миров во светот.

Директорот за научни истражувања културниот центар Ататурк Мурат Алтан Ерик во говорот рече дека како досега така и во иднина ќе ги поддржиме сите конгреси.

Почесниот гостин и говорник на конгресот, генералниот директор на аеродромот ТАВ во Скопје Алпер Тунга Ерсој ги сподели своите лични и искуствата на установата која што ја застапува.

Конгресот чија тема е „Инвестирање во младите за одржлива иднина“ и на кој учествуваат 135 студенти од 40 земји ќе заврши утре.



Слични вести