ДИК: Одлукатата на референдумот не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината гласачи

ДИК: На вчерашниот референдум во Македонија од вкупно запишаните 1.806.336 граѓани во избирачкиот список гласале 666.743 граѓани или изразено во проценти 36,91 отсто, и бидејќи тоа изнесува помалку од половината одлуката на референдумот не е усвоена

1060175
ДИК: Одлукатата на референдумот не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината гласачи
Makedonya Devlet Seçim Komisyonu 2.jpg

Процентот на излезеност на консултативниот референдум во Македонија за Договорот со Грција за промена на името и членство на земјата во Европската унија (ЕУ) и НАТО остана на ниво од 36,91 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас регистрирани во избирачкиот список.

Според објавеното соопштение од Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија, обработени и изброени се 100 отсто гласови од избирачките места и од вкупно запишаните 1.806.336 граѓани со право на глас во избирачкиот список на вчерашниот референдум гласале 666.743 граѓани или изразено во проценти 36,91 отсто. „за“ гласале 91,46 отсто или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700 граѓани. Неважечки биле 19,221 ливче или 2,89 отсто

За валидност и успешност на референдумот требаше да излезат на гласање повеќе од половината од вкупниот број регистрирани граѓани во избирачкиот список, но одзивот остана на ниво од 36,91 отсто. 

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија Оливер Дерковски истакна дека согласно утврдените резултати одлуката не е усвоена затоа што не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список, односно 903.169 граѓани.

Извештајот од ДИК за референдумот во рок од 15 дена ќе биде објавен во Службениот весник, а ќе биде доставен и до Собранието и ќе биде објавен на веб страницата на ДИК.

На одржаниот референдум за Договорот со Грција со којшто името на Република Македонија се предвидува да се промени во „Република Северна Македонија“ кој инаку не е правно обврзувачки и се смета за консултативен референдум, на граѓаните им беше поставено прашањето "Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција".

 



Слични вести