ДИК на Македонија: Излезеноста остана на 36,8 % од кои 91,48 % гласаа „за“, а 5,64 % „против“

Од вкупно обрабитените 98,61 проценти од избирачките места, на реферрендумското прашање гласале „за“ 91,48 проценти или 605.016 лица, против се изјасниле 5,64 проценти или 37.312 лица, аневажечки биле 2,88 проценти од гласовите

1059569
ДИК на Македонија: Излезеноста остана на 36,8 % од кои 91,48 % гласаа „за“, а 5,64 % „против“

Процентот на излезеност на граѓаните на Македонија на вчерашниот референдум за постигнатиот договор со Грција за спорот со името остана на ниво од 36,8 насто од вкупниот број гласачи регистрирани во избирачкиот список.

Од вкупно обрабитените 98,61 проценти од избирачките места, на реферрендумското прашање гласале „за“ 91,48 проценти или 605.016 лица, а против се изјасниле 5,64 проценти или 37.312 лица. Неважечки биле 2,88 проценти од гласовите.

Според овие податоци, на гласањето на вчерашниот референдум излегле 661.393 гласачи што претставува излезеност од околу 36,8 проценти, од вкупно 1 милион 806 илјади 836 граѓани со право на глас.

За валидност на референдумот требаше да излезат над половината од регистрираните гласачи во избирачкиот список, меѓутоа одзивот остана на само 36,8 насто.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија Оливер Дерковски рече: „За да би можеле да го прогласиме за валиден референдумот според законите е потребно учество од над 50 насто на регистрираните граѓани во избирачкиот список и да се добие еден глас повеќе од оние „за“. Според неофицијални резултати јасно е дека едниот од овие услови не е исполнет и дека не можеше да се донесе одлука на референдумот.“

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски најави дека во законски предвидените рокови во текот на денешниот ден ќе ги објави и првите официјални резултати.

На одржаниот референдум за Договорот со Грција со којшто името на Република Македонија се предвидува да се промени во „Република Северна Македонија“ кој инаку не е правно обврзувачки, на граѓаните на Македонија им беше поставено прашањето "Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Рерпублика Македонија и Република Грција".

Македонскиот премиер Зоран Заев по соопштувањето на прелиминарните неофицијални резултати од референдумот истакна дека на референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласаа „за“ и со тоа, како што рече, се изјаснија и порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и Европската унија (ЕУ).

Заев напомена дека сега произлегуваат две опции и тоа; или поддршка од опозицијата за уставните амандани или распишување на предвремени избори во земјата.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски пак изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најјасната порака дека како што рече „Ова е Македонија“.

Тој оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција.

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери истакна дека собранието ќе води напори да обезбеди консензус по ова прашање бидејќи, како што рече, не се работи за теснопартиски интереси, туку за интересот на државата и граѓаните.

Референдумот во Македонија се одржа по постигнатиот Договор со Грција во јуни, кој предвидува промена на името на државата во Република Северна Македонија и претставува главен услов за членство на Македонија во НАТО и започнување на претпристапните преговори за членство во Европската унија (ЕУ).

По завршувањето на овој процес во Македонија, Договорот помеѓу Македонија и Грција треба да се ратификува и од страна на грчкиот Парламент.

 



Слични вести