Денеска граѓаните на Македонија гласаат на референдумот за Договорот со Грција за промена на името

Граѓаните на Макдонија денеска гласаат на референдум на којшто ќе го дадат својот одговор на прашањето „Дали сте за члентво во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“

1059221
Денеска граѓаните на Македонија гласаат на референдумот за Договорот со Грција за промена на името

Денеска во Македонија се одржува референдум на којшто гласачите треба да се изјаснат на пашањето „Дали сте за члентво во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“.

Гласачите ќе го дадат својот одговор на ова прашање со заокружување на „за“ или „против“.

Во избирачкиот список на Македонија со право на глас на референдумот се запишни вкупно 1 милион 806 илјади 336 гласачи. За да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи.

Граѓаните на Македонија гласаат во вкупно 3.748 избирачки места во 80 општини земјата.

Чинот на гасање започна во 07 часот, а ќе заврши во 19 часот според македонско време (односно 08 часот и 20 часот според турско време).

По затворањето на гласачките кутии во 19 часот Државната изборна комисија конечните резултати од референдумот ќе почне да ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од нивната конечност. Потоа резулатите во рок од 15 дена од денот на одржување ќе бидат објвени и во Службениот весник на Македонија.

По одржувањето на референдумот доколку помине, односно се добие предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, за одобрување на уставните измени внесени во потпишаниот договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција ќе се одржи гласање во Собранието на Република Македонија каде што овојпат ќе треба да се добие гласот на најмалку две третини од пратениците, односно за усавните измени треба да гласаат најмалку 81 од вкупно 120 пртеници во Собранието.

По завршување на овој процес во Македонија истиот договор треба да биде одобрен и од страна на Парламентот на Грција.

Откако Македонија и Грција ќе ги исполнат целосно свите обврски внесени во договорот од Преспа, Македонија под името „Република Северна Македонија“ се очекува да стане 30-сета членка на НАТО, како и да ги започне претпристапните преговори за членство во Европската унија (ЕУ).

Денешниот историски референдум во Македнија го следат рекорден број домашни и странси набљудувачи.

Така според добиени официјални податоци од Државната изборна комисија (ДИК) за следење на референдумот се акредитирани 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи. Освен тоа од страна на меѓународните организации се акредитирани и 194 преведувачи и 111 странски новинари.

Според дбиени информации меѓу странските набљудувачи има четворица набљудувачи и од амбасадата на Турција во Скопје.

Покрај домашните и странските набљудувачи референдумот го следат и странски новинари за што од страна на Државната изборна комисија (ДИК) се акредитирани 83 новинари од 32 медиуми од светот.

Само за потсетување за последните одржани избори во Македонија, за локалните избори на 15 октмври 2017 година, беа акредитирани 5.011 домашни и 337 странски набљудувачи, така да акредитирањето на рекорден број домашни и странски набљудувачи за денешниот референдум покажува колку значење му се придава на ова изјаснување на граѓаните на Македонија од страна на целиот свет.

Процесот што водеше до референдумот на 30 септември

На 30 јули 2018 година Собранието на Република Македонија донесе одлука да распише референдум за Договорот за името што ќе биде консултативен и ќе се одржи на денешниот ден, 30 септември.

Официјалната кампања за референдумот започна на 10 септември.

Владејачката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) ја предводи Коалицијата „Заедно ЗА Европска Македонија“. Коалицијата ја сочинуваат триесетина партии кои се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евроатлантска иднина на Македонија.

Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на референдумот и за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Освен политички партии, во кампањата „за“ се вклучени и граѓански организации.

Од друга страна опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ пак ги повика граѓаните на претстојниот референдум да гласаат по сопствено убедување и да донесат одлука.

Освен кампањите „за“ и „против“ има и граѓански здруженија кои сметаат дека референдумот треба да се бојкотира. Таканаречениот Кризен штаб против референдумот составен од неколку граѓански организации, настапува под слоганот „Македонија - бојкотира“.

Претседателотот на Република Македонија Ѓорге Иванов неодамна истакна дека нема да излезе на гласање на референдумот, бидејќи, како што рече, двапати ја добил довербата на граѓаните за да не дозволи промена на Уставот, со цел промена на уставното име.

Во пресрет на референдумот земјата ја посетија бројни странски дипломати и државни претставници меѓу кои генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис, високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот премиер Себастијан Курц, како и други странски функционери кои ги повикаа граѓаните на Македонија да излезат на рефенрендумот и да гласаат за подобра иднина на својата земја.

Инаку, владите на Република Македонија и Република Грција во јуни оваа година во Преспа го потпишаа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, според кој Република Македонија треба го смени своето име во Република Северна Македонија.

 

 



Слични вести