Ѓорге Иванов од Детроит, САД порача дека нема да излезе на гласање на референдумот на 30 септември

„Јас кога ја презедов претседателската должност се заколнав дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Нема да отстапам од таа моја заклетва. Затоа на 30 септември нема да излезам на гласање.“ - рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов

1055457
Ѓорге Иванов од Детроит, САД порача дека нема да излезе на гласање на референдумот на 30 септември

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов кој по повод 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) престојува во Њујорк, САД, во својот говор пред присутните на настанот организиран од страна на Обединетата македонска дијаспора во Детроит, изјави дека ќе го бојкотира референдумот што ќе се одржи на 30 септември во врска на името на неговата земја и напомена дека верува оти постигнатиот договор по ова прашање го става во опасност националниот идентитет на земјата.

Иванов рече: „Јас кога ја презедов претседателската должност се заколнав дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Нема да отстапам од таа моја заклетва. Затоа на 30 септември нема да излезам на гласање.“

Велејќи дека поради тоа што не дозволи да бидат направени измени во Уставот за промена на името на земјата на двапати ја доби довербата на граѓаните, Иванов рече: „Не ги прифаќам идеите и предлозите кои би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.“

Во врска со постигнатиот договор помеѓу премиерот Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас, Ѓорге Иванов рече: „Не само што го променува името на сегашната држава, истовремено се формира нова држава со ослабена безбедност, со нов внатрешен и надворешен закон.“

Македонскиот претседател својот говор го продолжи со следните зборови: „Имајќи го тоа на ум ја донесов мојата одлука. Верувам дека граѓаните на Република Македонија на 30 септември ќе донесат правилна и разионална одлука.“

Инаку, историскиот договор за решавање на „проблемот со името“ кој што продолжува долги години помеѓу Грција и Македонија и кој предвидува името на државата да се промени во „Северна Република Македонија“  беше потпишан на 17 јуни.

Освен тоа во договорот се внесени членови за дефинирање на македонскиот јазик и идентитетот на граѓаните во Македонија.

Потоа по ратификувањето на договорот во Собранието на Македонија беше одлучено македонските граѓани да излезат на референдум на 30 септември .

САД и Европската унија (ЕУ) особено од аспект на кршење на влијанието и присуството на Русија во регионот даваат голема поддршка на имплементацијата на потпишаниот договор за спорот со името помеѓу Грција и Македонија.

Инаку, голем број држави а пред се Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, меѓутоа Грција под изговор дека во нејзините граѓаници постои област по име „Македонија“ бараше нејзиниот северен сосед да го смени името.  

Поради спорот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција уште од 1991 година кога ја прогласи својата независност Македонија не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и на Организацијата на северноатлантски договор НАТО.

Република Македонија во април 1993 година беше примена во членство во ОН, меѓутоа поради приговорот на Грција во членство беше примена под референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно англиската кратенка ФИРОМ.

Еден дел од грчкиот народ пак се противи на потпишаниот договор за спорот со името и застанувајќи во одбрана на тоа дека проблемот не е само името туку и во врска со историјата и културата ги бвинува власите во Скопје за крадење на „македоскиот идентитет“.

Наследството на македонскиот крал Александар Велики од античкиот период претставува значаен простор на конкуренција помеѓу двете земји.

 



Слични вести