Зголемен бројот на жртвите во пожарот во Грција што избувна во јули

Во соопштението на Грчката противпожарна служба (ПСЕ) беше истакнато дека продолжува хоспитализацијата на уште 17 повредени во болницата

1047809
Зголемен бројот на жртвите во пожарот во Грција што избувна во јули

Бројот на загинатите во пожарот што ја погоди околината на Атина во Грција во јули се зголеми на 99 лица.

Според податоците на Грчката противпожарна служба (ПСЕ), во болницата Евангелисмос во Атина почина една 26 годишна жена која еден месец се наоѓаше на хоспитализација.

Според тоа, вкупниот број на загинатите во најсмртоносниот пожар во Грција се зголеми на 99 лица од кои 16 починаа во болница.

Во соопштението беше истакнато дека продолжува хоспитализацијата на уште 17 повредени во болницата, од кои 3 се потешко и се наоѓаат на интензивна нега. Од 99 загинати досега се утврдени идентитетите на 83 лица.

Во пожарот што избувна во шумското подрачје Пендели на 20 км североисточно од Атина како последица на палење на огнот од страна на едно лице кое собра суви гранчиња и запали оган, а кој под влијание на силниот ветар за кратко време се прошири се до крајбрежјето, беа повредени 187 лица, додека стотици куќи и возила беа опожарени.



Слични вести