Одложени бродските патувања во Грција

Причината за прогласувањето на еднодневниот штрајк е фактот дека работодавачите 8 години како одбиваат да ги зголемат платите на задоволително ниво

1042078
Одложени бродските патувања во Грција

Како последица на еднодневниот штрајк на синдикатот на морнарите во Грција, беа одложени бродските патувања.

Синдикалната Панхеланска федерација на морнарите (ПНО) бараше поголемо зголемување на платите на вработените на бродовите со колективен договор, поради што прогласи еднодневен штрајк.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ПНО беше истакнато дека причината за прогласувањето на еднодневниот штрајк е фактот дека работодавачите 8 години како одбиваат да ги зголемат платите на задоволително ниво.

Како резултат на штрајк, од 06.00 часот наутро еден ден беа запрени бродските патувања меѓу грчките острови и копното.



Слични вести