Поддршка од Здружението на босанските дипломци на Турција

Членовите на Здружението на босанските дипломци кои се собраа во Сараево, купија 3 870 турски лири

1033805
Поддршка од Здружението на босанските дипломци на Турција

Здружението на босанските дипломци со седиште во Сараево и кое делува во Босна и Херцеговина, во знак на поддршка на Турција која е изложена на шпекулативни напади, купија турски лири.

Членовите на здружението кои се собраа во Сараево, купија 3 870 турски лири која бројка го симболизира повикувачкиот број на Босна  Херцеговина. Со тоа босанските дипломци изразија целосна поддршка на Турција, земјата во која што дипломираа.

Претседателот на здружението Адис Алагиќ во изјавата за печатот рече дека активно ги следат случувањата во Турција потенцирајќи дека искрено веруваме дека Турција успешно ќе ги преброди сите економски напади.

Турција има вкоренет и силен економски систем и никој не може да му нанесе штета на истиот. Како здружение купивме една симболична сума турски лири. Можеби не е толку голема, но бројката се поистоветува со повикувачкиот број на Босна и Херцеговина 387. Со откупот на 3870 туски лири во суштина сакавме да ја изнесеме нашата поддршка на Турција, рече Алагиќ.

Студентите од Босна и Херцеговина во Турција секогаш беа пречекани со големо гостопримство. Ние не сме единствените луѓе во Босна и Херцеговина кои што купија турски лири. Впрочем деновиве многу тешко е да се најдат турски лири во Босна и Херцеговина. Нашите граѓани ја поддржуваат Турција.

Неџад Авдиќ, член на Здружението на босанските дипломци упати повик до сите босански дипломци кои дипломираа во Турција како и сите граѓани на Босна и Херцеговина да ја поддржат Турција. Граѓаните својата поддршка можат да ја изразат со менувње пари, одење на одмор во Турција како и купување на турската стока во земјата.



Слични вести