Ципрас ќе го оконча хаосот во врска со дивите градби

Ќе го окончаме хаосот во врска со дивите градби кои му се закануваат на човечкиот живот.

1028265
Ципрас ќе го оконча хаосот во врска со дивите градби

По минатомесечната катастрофален пожар во близината на Атина во која загинаа 91 лице, премиерот Алексис Ципрас се подготвува да ја активира владата.

Ципрас во изјавата за печатот рече дека ќе го окончаат хаосот во врска со дивите градби кои му се закануваат на човечкиот живот.

По средбата со министрите и локалните раководители, премиерот Ципрас рече дека веќе нема толеранција кон хаосот со дивите градби кои му се закануваат на човечкиот живот.

Ќе се сруши се што ги уништува шумите и бреговите, се што предизвикува опасност, рече Ципрас.

Тоа е наша должност кон загинатите. Но исто така уште поголема должност и обврска кон оние што се живи.

По катастрофалниот пожар премиерот Ципрас разреши 4 одговорни за полицијата и пожарот како и министерот.

Продолжува истрагата во врска со можноста за небрежност на другите функционери во катастрофалниот пожар.



Слични вести