Финансиска помош од Македонија и Албанија на Грција

Целта на ипраќањето на помошта е да се намалат последиците на пожарот

1019527
Финансиска помош од Македонија и Албанија на Грција

По шумските пожари во околината на грчкиот главен град Атина, во кои загинаа 81 лице, Македонија и Албанија донесоа одлука за испраќање помош на оваа земја.

Портпаролот на македонската влада Миле Бошњаковски на прес конференцијата рече дека владата донесе одлука за испраќање финансиска помош од 6 милиони денари (околу 100 илјади евра) на Грција за борба против пожарот.

Бошњаковски рече дека ќе се формира координациона група која што секојдневно ќе ги следи случувањата во врска со пожарите и дека ќе се координираат хуманитарните активности со грчките установи и градската управа на Атина.

Бошњаковски меѓудругото рече дека владата донесе одлука за испраќање финансиска помош на Јапонија во износ од 6 милиони денари за борба против природните катастрофи.

Од друга страна пак и Албанија донесе одлука за испраќање финансиска помош од 100 илјади евра на Грција со цел да се намалат последиците на пожарот на оваа земја.

Премиерот на Албанија Еди Рама во пораката преку профилот на социјалните медиуми рече дека албанската влада со цел да ја покажат солидарноста со браќата донесе одлука за испраќање финансиска помош.

Од друга страна пак, претседателот на Албанија Илир Мета во писмото со сочувство што му испрати на грчкиот колега Прокопис Павлопулос рече дека со длабока загриженост ги следат последиците и штетата на пожарот што ја погоди Атина и околината.

На загинатите им изразуваме покој на душата, додека на повредените што брзо закрепнување, рече мета потенцирајќи дека во овие тешки времиња, во мое лично име и во име на албанскиот народ изразувам силна поддршка на жителите на Атина и цела Грција.

Претседателот на Косово Хашим Тачи во пораката преку профилот на твитер ја изрази спремноста на Косово за помош на Грција.

Наодите во врска со жртвите се стравотни, додека информациите за беспоштедната борба и храброст на пожарникарите навистина охрабруваат.

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека изразува целосна поддршка на пријателите и соседите во Грција.



Слични вести