Францускиот претседател Макрон непопустлив во однос на членството на Србија во ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека доколку Србија не сработи ништо до 2025 година во смисла на реформите и она што се бара од неја во преговорите нема шанса да влезе во Европската унија (ЕУ)

1014664
Францускиот претседател Макрон непопустлив во однос на членството на Србија во ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон и српскиот претседател Александар Вучиќ по остварената средба во Елисејската палата одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во оваа пригода Макрон истакна дека се додека до 2025 година не сработи ништо во врска со реформите и она што се бара од неја во преговорите со Европската унија (ЕУ), Србија не ќе може да стане членка на ЕУ.

Велејќи дека неговата земја сака да и помогне на Србија по прашањата кои што треба да ги реши оваа земја за членство во Европската унија (ЕУ), Макрон рече: „Овој датум мислам дека треба да го согледаме како автоматски критериум. Доколку до 2025 година не биде сработено ништо во врска со реформите и она што се бара од неја во преговорите со Европската унија (ЕУ), Србија нема шанса да влезе во ЕУ.“

Макрон изрази желба преговорите за членство на Србија во Европската унија (ЕУ) да бидат влијателни.

Велејќи „Доколку во 2025 година биде направено онака како што е испланирано се, тогаш Србија може да стане членка“, францускиот претседател Емануел Макрон додаде дека наскоро ќе оствари посета на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак во својот говор рече: „И доколку Макрон би рекол дека веднаш би можеле да станеме членка, Србија не може да стане членка на ЕУ се додека не се реши проблемот помеѓу Белград и Приштина (Косово), не бидат реализирани реформите во правниот систем и не бидат реализирани работи во врска со другите прашања. Така да ние треба да ги решиме нашите проблеми. Ако не се стори тоа не може (не може да има членство во ЕУ).“

Инаку, Србија како една од земјите од Западен Балкан ги води претпристапните преговори со Европската унија (ЕУ).

Федерика Могерини, високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика во февруари ја соопшти стратегијата за Западен Балкан и притоа велејќи дека за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија (ЕУ) се дискутира за 2025 година го рече следното: „2025 година не е јасен датум, меѓутоа тоа претставува реална перспектива.“



Слични вести