Кај Трново одржана комеморација во чест на шесте масакрирани Бошњаци од Сребреница

Бошњаците кои во јули 1995 година беа стрелани од страна на Србите во шумскиот предел во Трново и чии снимки наидоа на голема реакција кај светската јавност  не беа заборавени и на 23-тата годишнина од нивното брутално масакрирање

1014170
Кај Трново одржана комеморација во чест на шесте масакрирани Бошњаци од Сребреница

Се одржа комеморација во чест на шесте Бошњаци од Сребреница кои од страна на српската паравоена единица „Скорпиони“ за време на војната во Босна (1992-1995 година) беа стрелани кај Трново во близина на Сараево.

Бошњаците кои во јули 1995 година беа стрелани од страна на српската паравоена единица „Скорпиони“ во шумскиот предел во Трново и чии снимки наидоа на голема реакција кај светската јавност  не беа заборавени и на 23-тата годишнина од нивното брутално масакрирање.

Семејствата на жртвите од кои најмладиот имаше 16 години оставија цвеќиња на местото каде што беа измасакрирани шестмината Бошњаци и читаа дови (молитви).

Кај блиските на жртвите чија тага и болка и покрај изминати 23 години сеуште е свежа за време на комеморативната церемонија дојде до излив на силни емотивни чувства.

Заменик градоначалникот на Сребреница Нермин Аливуковиќ во говорот пшто го одржа на комеморацијата нагласи дека мсакрот кај Трново нема никогаш да се заборави и дека главните виновници за случувањата овде треба да и бидат предадени на правдата.

Мајката на најмладиот од жртвите Азмир Алиспахиќ, Нура Алиспахиќ истакна дека доживувањата на ова место со секој поминат ден и причинуваат се поголема болка и тага.

Бекто Делиќ, брат на убиениот 25 годишен Јусо Делиќ кај Трново, истакна дека за да не се заборави масакрот кај Трново и идните генерации да бидат свесни за овој масакр овдешните комеморации треба да продолжат.

Инаку, најмладиот од Бошњаците од Сребреница кои од страна на српската паравоена единица „Скорпиони“ беа однесени во Трново и овде беа легнати на земја и ѕверски стрелани имаше само 16 години, а најстариот беше на 35 години. 

Снимките од овој ѕверски масакр беа објавени и во странскиот печат и наидоа на голема реакција кај меѓународната јавност.

Извршителите на ова брутално убиство командантот на српската паравоена единица „Скорпиони“ Слободан Медиќ беше казнет со 20 години затвор, а припадниците Перо Петрашевиќ со 13 години затвор и Александар Медиж со 5 години затвор.



Слични вести