Романија ќе биде домаќин на командниот центар на НАТО

Романија бројот на војниците во Авганистан во 2019 од 770 ќе го зголеми на 990

1012428
Романија ќе биде домаќин на командниот центар на НАТО

Претседателот на Романија Клаус Иоханис рече дека последниот ден на Самитот на НАТО во Брисел прифатил да се изгради команден центар со 3 ѕвездички на алијансата во неговата земја.

Во командниот центар ќе бидат ангажирани околу 400 војници, а исто така и мултинационалниот баталјон во Романија ќе се претвори во постојана база.

Во продолжение Иоханис рече дека Романија бројот на војниците во Авганистан во 2019 од 770 ќе го зголеми на 990, додека 2 насто од бруто домашниот производ планираат да одвојат за одбраната.



Слични вести